Жан Ламберт-Руки (1888-1967), Французин /Пољак

Роден во Краков, Полска во 1888. Студирал на Ликовната Академија во Краков пред да се пресели во Париз во 1911тата. На почетокот од Првата Светска Војна се пријавува како странски доброволец во Француската армија и е пратен во 1914 најпрво на Дарданелите а потоа на Солунскиот фронт во Македонија, каде што работи на реставрација на Византиски мозаици заедно со скулпторите Јозеф Цаки и Густав Миклош. Ламберт-Руки се дружи во Солун со уште еден Францусик воен сликар- Пол Жоуве.

После војната се слестува по Парискиот дистрикт Монпарнас, заедно со низа на значајни уметници како на пример: Модиглиани, Сотин, Кислинг итн. Ламберт-Руки изложувал во Есенскиот Салон во 1919, Салонот на Независните од 1920 па натаму, Салонот на Тулиерите до 1933тата. Партиципира заедно со Кубистите на т.н. Златна Секција помеѓу 1922 и 1924. Во 1930 е поканет да учествува на првата изложба на Модернистите. Представен е исто така во Павиљонот на Модернистички сликари на Светската Изложба во Парис во 1937. Добива  Француска националност во 1932. Ламберт-Руки работел со различни стилови. Сликал кубистички пејзажи и примитивни композиции инспирирани од Африканската племенска уметност.  Неговиот кубистички стил успешно се вклопил во неговите скулптури и дизајни. Постигнал голем успех во соработката со дизајнерот на намештај Жан Дунанд со кого се запознава во 1923. Дизајните на Ламберт-Руки на намештај се најрепрезентативни примери на Арт Деко стилот.

композиција со ликови (Солун) 1919, масло на платно
композиција со ликови (Солун) 1919, масло на платно
Селаник (Солун на Турски јазик) 1917, литографии
Селаник (Солун на Турски јазик) 1917, литографии
Селаник (Солун на Турски јазик) 1917, литографии
Селаник (Солун на Турски јазик) 1917, литографии

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не