Ханс Фишер – Шупах (1906 – 1987), Германец

Роден на 27ми Мај 1906 во Фафе, Португалија, починал на 1ви Мај 1987 во Хајделберг, Германија. Сликар, илустратор и графички уметник от типот на класичен модернизам. Неговиот стил се карактеризира со реалистични сцени од градскиот живот со доза на фантазија. Бил син на фабрички директор и пораснал во Лорах и Карлсруе. Студирал сликарство на Државната Ликовна Школа во Баден помеѓу 1922-29 во класата на Георг Шолц, Карл Хубах и Вилиам Шнаренберг. Од 1929тата, студира на Државната Ликовна Школа во Берлин. Во 1935тата година ја добива престижната Награда на Рим. Неговите дела денес се наоѓаат во уметничките колекции на музеите на Берлин и Штутгарт.

Ханс Фишер – Шупах ја посетува Македонија во годините на Втората Светска Војна. Воглавно претстојува во Егејска Македонија. Еден пример од неговиот Македонски период е акварелот насловен како “Солун 1943„ продаден од страна на аукциската куќа  Arno Winterberg  од Хаиделберг, Германија на 15ти Октомври 1994 (објект број 1887) за 200 Германски марки.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не