Карл Карингер е прилично познат Австриски импресионист и сликар на пејсажи и животни од крајот на 19тиот век и првата половина на 20тиот век. Студирал сликарство во Виенската Академија под водство на Алеманд и Аисенменгер, како и на Минхенската Ликовна Академија под водство на Мар. Патувал низ Европа, Ориентот, Балканот, Африка, Јава, Бали и Суматра. Помеѓу 1929 и 1945 бил професор на Виенската Ликовна Академија. Особено е познат по неговите слики со животни.

По завршувањето на неговите студии во Виена, во 1919вата година Фарингер патува низ Истра, Далмација, Србија, Црна Гора, Македонија, Турција и Романија. Бил инспириран од Балканскиот ориентален живот. Оваа инспирација имала големо влијание на неговиот ликовен стил. Подоцна во текот на неговите Минхенски студии, го оформува неговиот препознатлив колориет импресионистички стил на сликање, кој доаѓал особено до израз во неговите слики од сцени од пазати или ориентални сцени. Во 1922та година ја посетува Холандија од каде што заминува кон Бали , Јава и Суматра.

 

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не