Васа Ешкичевиќ е академски сликар кој што учел сликарство во Виена и во Русија каде што бил ученика на познатиот Илја Репин. Претставник е на стилот познат како академски реализам. Неговите дела имаат документарна вредност, така што нивното културно и историско значение ја надминуваат уметничката вредност. Покрај сликарството, бил исто така и писател и преведувач. Бил исто и член на Матица Српска.

Како официјален Српски воен сликар, Ешкичевиќ  посетува повекје места во Македонија во периодот помеѓу 1910-20. Изработува голем број цртежи, акварели и масла на платна, воглавно отсликувајќи ги епизодите и патувањата на Српската војска низ Македонија.

Грнушки Вис, Македонија 1920.
Грнушки Вис, Македонија 1920.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Where-is-the-grave-of-Gerard-Chowne
Приказни

Каде е гробот на Џерард Чаун?

За некои сликари, Македонија била нивната крајна дестинација. Џерард Хенри Тилсон Чаун (1875 Индија – 1917 Македонија) е британски сликар што се школувал на школата

Повеќе »

Следете не