Родена во 1863 во Лондон како едно од осумте деца во Викторијанска фамилија на реномиран хирург. Студирала Ликовна уметност на Кралската Ликовна Академија и на колеџот Бедфорд во Лондон. По завршувањето на студиите, станува реномиран илустратор и акварелист, изложувајќи често и илустрирајќи ги списанијата на Природа и Историја од Кембриџ.

По совет од докторот, сеуште немажена во своите 30ти години, го посетува Балканот околу 1900 година. Таа е еден од првите патеписци кои го посетуваат Балканскиот регион и навлегуваат во подлабока студија и опишување на Македонските, Албанските и генералните Балкански работи.  Од 1900тата, Дурам патува детаљно низ Балканот во следните 20 години, фокусирајќи се воглавно на Албанија, која во тоа време била едно од најизолираните и најнеразвиени места во Европа. Работела во склоп на разни хуманитарни организации, цртала, пишувала и собирала народни носии и ракотворби. Нејзиното дело е од значајна антрополошка вредност. Но нејзината слава се должи воглавно на нејзините пишувања. Напишала повеќе книги за Балканот, но најпозната е “Горна Албанија„ од 1909та година.

Дурам се идентификувала блиску до Албанската кауза и проповедала обединување и независност на Албанците.Се здобила со репутација на ексцентрична и тешка личност и е доста критикувана од поборниците на Југословенската држава.

По нејзината смрт, поголемиот дел од нејзините дела е дониран на академски колекции. Нејзинатите пишани дела се донирани на Музејот на Човештвото (денес во склоп на Британскиот Музеј) и Кралскиот Антрополошки Музеј во Лондон, додека пак колекцијата на Балкански накит е донирана на  Pitt Rivers  музејот во Оксфорт и  Bankfield музејот во Халифакс. Овој музеј исто колекција на фустани и текстил кој Дурам го собрала од Балканот и исто така содржи перманентна изложба за нејзиниот живот и дело.

Нај важното нејзино дело поврзано со Македонија е книгата насловена “Балканскиот товар„ издаден во 1905та година, каде сто ги опишува своите патувања низ Охрид, Преспа, Битола и западна Македонија. Книгата содржи голем број акварели и цртежи од градски сцени од Охрид, Ресен и Битола. Книгата може да се погледа на следнава интернет страница: http://www.peacelink.nu/Boker/Durham/Durham.html

Илустрации од книгата “Балканскиот товар„ 1905.
Илустрации од книгата “Балканскиот товар„ 1905.
Илустрации од книгата “Балканскиот товар„ 1905.
Илустрации од книгата “Балканскиот товар„ 1905.
Илустрации од книгата “Балканскиот товар„ 1905.
Илустрации од книгата “Балканскиот товар„ 1905.
Илустрации од книгата “Балканскиот товар„ 1905.
Илустрации од книгата “Балканскиот товар„ 1905.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не