Роден во Берлин во 1869, починал во Берлин околу 1930, Арнолд Лушвиц –Корефски бил Германско-Полски сликар и илустратор кој патувал по Балканот и Ориентот на самиот почеток на 20тиот век. Најверојатно бил воен сликар за време на Првата Светска Војна, бидејќи изработил голем број на акварели и цртежи на Германски војници и офицери. Ја посетува Македонија еднаш околу 1903тата година каде го изработува портретот на Албанскиот комита од Солун (во колекцијата на авторот на овој лексикон), во периодот на Балканските Војни околу 1912 и за време на Големата војна каде што изработува градски сцени од Скопје и портрети од Германски војници

Приказни
Аферата „Мис Стон“
1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка