Роден на 10.03.1900 во Литомиси, починал на 22.06.1980 во Брно. Студирал сликарство на Ликовната Академија во Прага помеѓу 1917-1921, во класата на професор Бенеш Кисела. Бил познат Чехословачки професор по сликарство на Академијата во Братислава помеѓу 1934-1938манта година. Изложувал редовно од 1921вата година па натаму, вклучувајќи и изложба во Париз во 1935тата година. После 1945тата година, бил воглавно активен во театарот како сценски артист и како дизајнер за текстил. Постојат неколку книги за неговиот живот и дело.
Франтишек Мали ја посетува Македонија околу 1934 каде што изработува серија на масла на платна, меѓу кои и манастирот Свети Пантелемон во Скопје, Пејсаж од село Нерези (двете слики се во поколекцијата на авторот на книгава), пејсажи од Охрид, Крива Паланка, итн.