Роден на 01.11.1881 во Берлин, починал на 25.01.1968 во Вејмар. Бил Германски сликар и скулптор. Студиите ги започнал во 1896тата на Ракотворното училиште во Берлин, а подоцна и на Државното Ликовно Училиште помеѓу 1901 и 1903, и на крај на Кралската Ликовна Академија во Берлин, во класата на професор Бруно Паул и Макс Кох. Неговите слики денес се во колекциите на Ликовните Музеи на Хановер, Есен, Ерфурт и Гдањск. Подетални информации за уметникот можат да се најдат на: http://www.franz-markau.mraeder.de/.
Франс Маркау ја посетува Македонија во два наврати, прв пат за време на Големата Војна помеѓу 1917 и 1918, како војник и втор пат во периодот после 1945тата година. Неколку маслени и темпера слики од периодот помеѓи 1917-18 се запишани во каталогот на дела на овој автор.