Паја Јовановиќ (Пол Јованович) њ реномиран Српски сликар и претставник на акаденскиот реализам. Роден е во Вршац во 1859. Студирал сликарство во Виена, и животот го поминува во патувања помеѓу Белград и Виена. Бил признат сликар на портрети, меѓу останатите, ги нацртал портретите на Автрискиот Император Франц Јозеф, Црногорскиот крал Никола, Александар Караџорџевиќ и претседателот на Југославија Тито. Исто цртал и сцени со национални мотиви и големи историски композиции со теми од националната Српска историја .
Паја Јовановиќ неколкупати ја посетува Македонија,. Во времето на неговите студиски години во Виена (1877-1880), ги поминува летата на југот – во Црна Гора, Јужна Србија, Косово и Северна Македонија каде што изработува серија на скици и цртежи од секојдневниот живот на луѓето. Во периодот 1912-1912, Јовановиќ патувал со Српската војска како фотограф и воен сликар. Во овој период слика голем број на цртежи , скици и фотографии, ан пример “Улица во Скопје„, “Транспорт на ранетите во Куманово„. “Полска болница во Куманово„, “После Кумановската битка„, итн.Во Октомври 1912 косле познатата битка за Куманово, Јовановиќ доаѓа во Скопје каде што се припрема за композицијата “Куманово за Косово„ или пак “Освета за Косово„ каде што се спријателува со Српскиот сликар Милутин Миланковиќ. Исто е интересно да се напомене дека во Македонија, Јовановиќ соработува и со познатата Српска импресионистка Надежда Петровиќ.
Таен код сокриен во македонскиот вез?
Геометријата, боите и естетиката на народниот македонски вез ги маѓепсале сите странски сликари кои ја посетиле Македонија или пак се бореле во своите армии на