Роден и починат во Лион. Пјер Комбет-Дисцомбе е третиран како еден од најважните Француски фаувисти и многу важен Лионски сликар. Студира сликарство на Ликовната Академија во Лион помеѓу 1900-1905. Започнува со изложби во Париз и Лион во 1905та. Ја декорира салата за венчавки во Лион. Како член ан групата Ziniar учествива во основањето на Југо-источниот Салон, со кого преседава од 1933 до 1955. Во 1952 станува член на Лионската Академија на Науки и Уметности.
Пјер Комбет-Дискомбе ја посетува Македонија за времето на Големата Војна помеѓу Јануари 1916та и средината на 1917, каде што служи во санитарната единица лоцирана во источен Солун. Изработува голем број на цретежи, скици, акварели и масла на платно , кои што со себе ги понесува во Лион во 1917та. Еден пример оф овој Македонски период е маслото на платно насловено “Жена крај фонтаната, Солун 1917„ продадено од страна на аукциската куќа Anaf-Martinon во Лион, Франција на 11ти Април 2005 ( објект број 229) за 2500 евра. Уште еден пример е маслото на платно насловено “Жена со превез, 1916„ продадено од аукциската куќа Mathias-Millon-Robert (S.V.V.) во Париз, Франција на 21ви Јуни 2005 ( објект број 89) за 4100 евра.