Роден во Индија во 1875, починал во Солун, Македонија 1917. Студира сликарство на Slade школото помеѓу 1893-9, исто така и во Париз и Рим. Работи како учител на универзитетот во Ливерпул помеѓу 1905-8, основач на Sandon Studios во Ливерпул.
Чоун ја посетува Македонија за времето на Големата Војна, како капетан во 9тиот Источен Ланкс реџимент. Умира во Македонија како последица од здобиените рани на Солунскиот фронт на 2ри Мај 1917. Чоун изработува серија на акварели и цртежи, сликајќи фо Солун и воени сцени од Македонскиот Фронт. Во есента 1917та, овие дела , меѓу кои и акварелот “Поглед од рововите, Солун се изложени во меморијалната изложба во негова чест во Ликовниот Клуб на Нова Англија. Де од неговите Македонски дела, на пример акварелите “Ровови„ и “Солунски Фронт„ се продадени од аукциската куќа Sotheby’s во Лондон на 26-03-2003.
Акварелот „Дојранско Езеро“ е во сопственост на авторот на оваа кига и е купен од аукциската куќа Доминик Винтер. Глочестершир, Велика Британија, на 16ти Јули 2014, ( објект 287)