Роден во Орехово, Бугарија 1913. Учествивал во нациолниот натпревар, од каде добива пет-годишна стипендија за студии на Бугарската Национална Ликовна Академија, од каде што дипломира со највисоки почести. По дипломирањето, работи во Софија како сликар на портрети во дипломатските кругови. Мобилизиран во Бугарската армија за време на Втората Светска Војна, каде што работи како воен сликар. По војната, Бугарија станува Руски сателит и Блажев е обврзан да слика безбројни портрети на Сталин, Маркс и Енгелс. Емигрира во Македонија во 1948.

Во Македонија, Блажев и останатите уметници кои емигрирале од Сталиновиот режм уживаат релативна слобода во својата работа, се до моментот на сударот помеѓу Тито и Хрушчов, кој што го приморува на ново емигрирање во 1954тата година. Овојпат со својата пет-годучна ќерка Ангелка, Блажев заминува за Италија каде што во следните пет години живее во кампот за избеглици во Трст. Никола и Ангелка конечно пристигнуваат во Њујорк во 1959тата година.

Во следните 6 години, Блажев постигнува успех. Во 1965тата отвара галерија и студио во Рокпорт, Масачусец. Во 1974тата патува за Парис. Неговите слики се во голем број на уметнички галерии во САД, на пример The Huber Gallery, Мајами, The Caravel Gallery и  Mayfair Gallery , Њујорк, итн.

Македонки 1950, масло на платно
Македонки 1950, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не