Роден во Бордо, Франција. Специјализира во сликање на поморски сцени од областите Бретанија и Азурниот брег. Студира на Ликовната Академија во Париз. Бероно изложува редовно на скоро сите битни Париски изложби и во текот на својата кариера добива голем број на престижни награди, како на пример Сребрен медал од салонот d’Hiver, како и  Fargeon наградата од Салонот на Француски уметници. Редовно изложува на галеријата  Stacey Marks,  во Истборн.

Андре Бероно ја посетува Македонија за времето на Првата Светска Војна, најверојатно заедно со Француските трупи стационирани на  Солунскиот фронт. Еден пример оd неговиот Мaкедонски период е акварелот насловен како “Солун, џамијата на дервишите – вртачи 1917„ продадена од аукциската куќа  Boscher Samuel, od Cherbourg, Франција во 12ти Фебруари  1996 (објект број 955).

Солун џамија на дервишите-вртачи 1917, акварел
Солун џамија на дервишите-вртачи 1917, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не