Вико Мантегаза, (Милано, 22.1.1856 – Милано, 28.10.1934) бил италијански писател, новинар, фотограф и политичар. Тој се смета за специјален италијански пратеник на Балканот од 1886 година, каде направил бројни репортажи. Бил директор на „Нацијата“ од 1894 до 1898 година.

Иако тој беше повеќе политичар и лобист одколку уметник, Мантегаза го заработува своето место во овој лексикон за неговите фотографии на луѓе од Македонија во периодот 1903/1905 година. Овие фотографии беа објавени во неговата книга “Македонија„ од 1903 година – каде тој го опишува престојот во Македонија од Март до Април 1903 година и ја опишува политичката и граѓанската состојба на Македонија пред Илинденското востание на 2 Август 1903 година. Помеѓу 1903 и 1908 година развива блиски односи со Бугарската влада, залагајќи се за бугарскиот став за македонското прашање. Ја претставува Бугарија на Експо изложбата во Милано во 1906 година без да зборува Бугарски јазик.

Се враќа во Македонија во 1908 година како дел од австро-унгарско-турскиот железнички проект за поврзување на Истанбул – Солун со воз. Пристигнува до Монастир (Битола) каде е сведок на неуспехот на реформата што ја посакуваа европските сили. Тој сфати дека европските сили нема да успеат да го решат македонското прашање ниту со принцип на едно-националност, ниту со принцип на ампутација од отоманската империја. Го опишува своето гледиште за македонското прашање во книгата Либерална Турција и балканските прашања (ibid. 1908).

Селани од Ушкуб, од книгата „Македонија“ март-април 1903
Селани од Ушкуб, од книгата „Македонија“ март-април 1903
Селани од Ушкуб, од книгата „Македонија“ март-април 1903
Селани од Ушкуб, од книгата „Македонија“ март-април 1903

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не