Густав Вундервалд ( 1882- 1945), Германец

Роден во Келн во 1882, починал во Берлин во 1945. Ја започнал својата кариера како сликарски асистент на Келнскиот мајстор сликар Вилхелм Кун. Работел како сценски уметник во периодот 1899-1900 во Берлинските студија за сценско цртање во  Гота и Шарлотеберг, како и во други Европски театри, како на пример Кралската Опера во Стокхолм и градскиот театар на Инсбург. По Првата Светска Војна, се преселува перманентно во Берлин. Неговата прва соло изложба била во книжарницата Лансберг , проследена со есеј од Пол Вестхаијм, кој го направил Густав Вундервалд познат на широката јавност. Фокусирајќи се претежно на Берлинскиот уличен живот во тоа време, Вундервалд сликал сцени од разни делови на Берлин. Повеќето од овие сцени се од лудите дваестетти години, но отсликуваат темна слика на урбаното живеење во стилот на “Новата Објективност„. Од 1927мата година Вундервалд ги изложувал своите слики кои прикажувале сцени од градските улици, но и пејсажи од Источна Прусија и регионот Хавел. Во времето додека Нацистите биле на власт во Германија, Вундервалд не изложил ниту една слика јавно, и се издржувал со правење кратки филмови за фирмите УФА и МАРС. Пред да можел да ја продолжи својата кариера на слободен уметник после војната, Густав Вундервалд умира од затруена вода која тој ја испил во Берлин во последните денови на Втората Светска Војна во Јуни 1945. Примил пост-хумно одликување од гратската галерија на Алтштад и галеријата на Берлин. Неговите слики се проминентно прикажани во колекците на Берлинские музеи.

Густав Вундервалд ја посетува Македонија и јужна Србија во периодот 1918-1919. Неговото фасцинантно нео-импресионистичко масло на платно насловено “Македонски Пејсаж 1919„ е продадено од аукциската куќа Lehr, Берлин на 26.04.2006 за 12 000 евра. Оваа слика била изложена во галеријата Gunzenhauzer 1972 иопишана во книгата “Густав Вундервалд„ од Хилдегард Рејнхард (страна 49). Во приватната колекција на авторот од овој лексикон се наоѓа сликата Велес, Македонија. Останати слики до џамии од Скопје и Велес се понудени на продаќба од аукциската куќа Ketterer Kunst GmbH, на 11.06.2015 ( објект број 41)

Македонски Пејсаж 1919, масло на платно
Македонски Пејсаж 1919, масло на платно
Македонски Пејсаж 1919, масло на платно
Македонски Пејсаж 1919, масло на платно
Македонски Пејсаж 1919, масло на платно
Македонски Пејсаж 1919, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не